Зошто ви е потребно професионално дизајнирано лого
639
post-template-default,single,single-post,postid-639,single-format-standard,bridge-core-2.1.8,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-20.5.1,qode-theme-bridge,disabled_footer_top,disabled_footer_bottom,wpb-js-composer js-comp-ver-6.1,vc_responsive

Зошто ви е потребно професионално дизајнирано лого

Зошто ви е потребно професионално дизајнирано лого

Прашајте ги децата, тие имаат најдобар одговор на ова прашање. Моето дете Марко откога наполни две години и започна да го осознава светот окулу себе, најнапред ги запомни симболите од логоата на марките од автомобилите, па мотивиран од нив започна да ги изговара и првите зборови.

Затоа што тоа мало штрафче од големиот систем наречен бизнис е најупотребуваниот симбол кој е составен дел од сите промотивни алатки за деловна комуникација. Го има на било каков рекламен материјал: визит карти, флаери, каталози, календари, пенкала, меморандуми, го има на излози, магазини, билборди, веб страни, бизнис профили на социјални мрежи, насекаде каде се промовира брендот.

Структура на логото

Логото може да биде составено од типографија (текст), од симбол или пак соединение од текст и симбол. Служи како визуелен приказ на името на компанијата преку кое се претставува целиот бизнис. Лого претставува симболика на бренд кој има за цел креирање имиџ.

Добро дизајнираното лого создава доверба кон брендот

Луѓето имаат суштинска потреба од поврзување со брендови. Користејќи ги брендовите тие си создаваат лично задоволство. Сакаат искусеното задоволство да го споделат со нивните пријатели, со нивното окружување.  Добро дизајнираното лого потребно е да ја содржи целата филозофија на компанијата која комуницира со надворешниот свет, со постојаните и потенцијални клиенти.

Есенцијално е значењето на логото за вашиот бизнис. Професионално дизајнираното лого за разлика од непрофесионално дизајнираното лого дијаметрално се разликува. Професионално дизајнираното лого останува што подолго во меморијата на луѓето. За што пократко време, со што помалку прикажувања брзо да се меморира и останува меморирано подолго.

Ова мало парче визуелен комуникатор наречено лого нуди поквалитетен животен циклус на вашата компанија. Затоа, дајте му важност за да не го менувате секоја година.

автор. Дејан Лазаревски

[swab_author_bio]

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.