Копирајтинг како основна маркетинг алатка во дигиталниот свет
658
post-template-default,single,single-post,postid-658,single-format-standard,bridge-core-2.1.8,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-20.5.1,qode-theme-bridge,disabled_footer_top,disabled_footer_bottom,wpb-js-composer js-comp-ver-6.1,vc_responsive

Копирајтинг како основна маркетинг алатка во дигиталниот свет

Копирајтинг како основна маркетинг алатка во дигиталниот свет

Копирајтингот е релативно нов поим. Иако повеќето од сопствениците на бизниси во потполност не го разбираат неговото значење, сепак тие свесно или не, го користат за промотивни цели. Некои тоа го прават добро, повеќето погрешно а некои воошто не го прават.

Копирајтинг сепак е занает кој не би можел да се практикува од секого. Кај нас се практикува односно импровизира од доктори, фармацефти, келнери, инженери, геодези, адвокати, производствени работници, најмногу од секретарки и продавачи итн. Сепак тоа е занает кои најмногу би требало да се практикува од добро обучени маркетинг специјалисти, економисти, новинари.

Досегашното искуство не научи дека по многу кратка презентација пред претприемачи (сопственици на бизниси), истите тие веднаш доаѓаат до заклучоци за придобивките од копирајтингот. Коментарите се најразлични и горе долу овака звучат: аа да сам се рекламирав еден месец и џабе, имавме вработен ама слаб беше со компјутери, пред три години отворив фејзбук страна и не можам да ја најдам, некој друг ќе рече објавував слики на фејзбук ама не ми се зголеми прометот и се откажав итн итн. Од друга страна има и позитивни коментари: да постојано се рекламирам на социјални мрежи придобивката варира некогаш е подобра некогаш послаба но јас добро стојам со зборови и знам да дизајнирам банер реклами, друг ќе рече да ние имаме вработен кој добро го познава макретингот има одлични компјутерски вештини професионално не претставува а маркетинг секторот останува нашиот примарен фактор, друг ќе рече јас иако имам фамилијарен бизнис маркетинг услуги користам од маркетинг агенција, така ми е поекономично бидејќи нема потреба да вработувам вработен и редовно да го плаќам.

Инвестирајте во маркетинг на долги стази. Примена на маркетинг е рационално решение само кога во него се инвестира за подолг период.

автор. Дејан Лазаревски

[swab_author_bio]

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.