fbpx

Што е домен? Што е хостинг? Што е веб страна?

Ова се три најосновни компоненти кои се неопходни за функционирање на веб страна.

  • Домен претставува име на веб страна, односно веб адреса за некоја идна веб страна, пример www.kompanija.mk
  • Хостинг претставува хардверски ресурси, простор за складирање на фаилови, софтверски ресурси. Во зависно од типот на  веб страната се избира соодветно хостинг решение. За едноставни веб страни, потребен е одновен пакет, за напредни брзорастечки портали или веб апликации потребно е напреден стабилен и брз хостинг.
  • Веб страната претставува збир од различни фаилови. Најчесто се изработува од Веб Дизајнери. Веб страната, зависно од нејзиното иницијално градење, може да го менуваат хостинг серверот, но тоа и не е секогаш ефикасно решение од аспект на финансии. Во поново време голем дел од веб страните се прават на движечки веб платформи чии код редовно се абдејтира, а нивната функционалност на долг рок е стабилна.  Таквите веб страни и не би можеле на лесен начин да го сменат хостинг серверот.
Dejan Lazarevski

Dejan Lazarevski

Веб Дизајнер и Основач на Инсофт Дизајн

Професионален Интернет Маркетер, Веб Дизајнер, Графички Дизајнер, 12 годишно искуство во дејноста. Супериорни вештини: Wordpress, UI/UX Дизајн, SEO Оптимизација за подобар ранг на Google, Веб развој, Копирајт, Продукт Дизајн, Лого Дизајн, Емаил Маркетинг, Видео Едитинг, Фотографија. Завршено високо образование Економија и Бизнис. Сертифициран Адобе Специјалист со престижно владеење на сите адобе програми.