fbpx

Како да креирате бренд #1

Креирање и менаџирање на бренд е една од најважните и најпредизвикувачки активности во маркетингот. Брендот би можел да биде највредното нешто на вашата компанија доколку се менаџира на правилен начин. Постојат компании на кои брендот им е единствениот производ кој го поседуваат. Таквите целата нивна инвестиција ја имаат насочено во создавање на бренд. Силниот и ефикасен бренд ви дава непобедлива конкурентска предноста на пазарот и можност да се соочите со секакви непредвидливи појави. Независно дали веќе поседувате бренд или пак сте старт ап компанија која започнува од нула и има за цел да креирање бренд, не очекувајте резултати преку ноќ. Креирање на бренд е долготраен и макотрпен процес кои 99% од компаниите не можат да го издржат. Клучно е да се адаптирате на пазарот, на новите трендови на работење, да се дигитализирате колку што можете повеќе и да истраете кога ќе надојде бура во морето каква што е пандемијата која сеуште трае. Сегашната состојба не научи дека најмалку материјални последици имаа оние компании кои нивното работење веќе го имаа дигитализирано и активно ги користеа новите дигитални алатки кои дигиталното време ги условува. Процесот на креирање на бренд мора да биде во согласност со основните вредности на вашата компанија. Брендирањето е дисциплиниран и постојан процес кои никогаш не завршува. Не може да се изведува од секого и бара темелно познавање на маркетингот. Брендирањето е всушност гранка на маркетингот кој пак е гранка на економијата. Со концептуален пристап и напорна секојдневна работа ќе можете да градите вештини за создавање успешен и автентичен бренд.
Доколку припаќате на среќните 1% компании кои успевале да изградат препознатлив бренд, сте ја завршиле потешката половина од работата и ќе ви остане полесната така што ќе треба постојано да го негувате подобрувате и одржувате вашиот бренд.

Веројатно веќе сите сопственици на мали бизниси го имаат слушнато следново но сепак ќе го спомнам.

Ако некогаш успеете да изградите препознатлив бренд, тој ќе работи во иднина наместо вас.

Крај на првиот дел, наредната недела следува 2 дел

Доколку сте сопственик на мал бизнис или пак имате за цел во иднина да основате брзорастечки бизнис, заследете ја нашата ФБ Страна на која редовно ги објавуваме линковите од сите постови кои ги објавуваме на нашиот блог. Информациите од областа на маркетинг односно дигитален маркетинг за многумина претприемачи претставуваат неисцрпен извор на информации.

Dejan Lazarevski

Dejan Lazarevski

Веб Дизајнер и Основач на Инсофт Дизајн

Професионален Интернет Маркетер, Веб Дизајнер, Графички Дизајнер, 12 годишно искуство во дејноста. Супериорни вештини: Wordpress, UI/UX Дизајн, SEO Оптимизација за подобар ранг на Google, Веб развој, Копирајт, Продукт Дизајн, Лого Дизајн, Емаил Маркетинг, Видео Едитинг, Фотографија. Завршено високо образование Економија и Бизнис. Сертифициран Адобе Специјалист со престижно владеење на сите адобе програми.