fbpx
Investirajte vo Digitalen Marketing vo Insoft Dizajn

Бидете чекор пред вашата конкуренција

Investirajte vo Digitalen Marketing vo Insoft Dizajn

Бидете чекор пред вашата конкуренција, дигиталниот маркетинг не е опција, тоа е задолжителна инвестиција во дигиталниот свет кој дава сигурни резултати на долг рок. Во нашето окружување сопствениците на бизниси инвестираат во маркетинг само во моментите кога прометот им варира, неочекувано им се зголемил или пак неочекувано намалил. Ако сакате да ја надминете конкуренцијата морате да бидете чекор пред неа, а тоа е можно само со редовно континуирано вложување во маркетинг. Иако маркетинг има повеќе форми, постојат две главни категории а тоа се традиционален и дигитален маркетинг. Традиционален ги претставуваат печатените форми на рекламирање додека во дигитален маркетинг спаѓа секоја маркетинг порака испорачана преку дигитален уред. Дигиталниот маркетинг е форма која е присутна во поново време, но никако не треба да се запостави традиционалниот маркетинг.

Иако во денешно време на безброј начини може да се канализираат контакт информации од компанијата или вработениот, бизнис картичките или кај нас попознати како визит картички сеуште на големо се присутни и ќе бидат уште подолго време. Како менаџери самите решете во која форма на маркетинг би инвестирале и правете го тоа континуирано подолго време. Не е доволна инвестиција од 100 евра во дизајн на веб страна или пак 10 евра во рекламирање на фејзбук за да оцените дали треба да продолжите или да престанете со инвестиција во маркетинг. Ова го спомнав бидејќи е најчестата количина мерена во пари која иницијално се инвестира и тука престануваат сите понатамошни инвестиции во дигиталниот маркетинг.

Инсофт Дизајн како пионер во дигиталниот маркетинг на овие простори со 14 годишно искуство ви нуди комплетен дигитален и традиционален маркетинг насочен кон зголемување на прометот на вашата компанија. линк за контакт

Dejan Lazarevski

Dejan Lazarevski

Веб Дизајнер и Основач на Инсофт Дизајн

Професионален Интернет Маркетер, Веб Дизајнер, Графички Дизајнер, 14 годишно искуство во дејноста. Супериорни вештини: Wordpress, UI/UX Дизајн, SEO Оптимизација за подобар ранг на Google. Завршено високо образование Економија и Маркетинг. Сертифициран Адобе Специјалист со престижно владеење на сите адобе програми.