fbpx

Дали вашиот бизнис се движи со онаа динамика каква што посакувате?

Ако секој нов месец вашиот бизнис се бори за опстанок а вие продолжувате да се противите на инвестирање во маркетинг на вашиот бренд, маркетинг на вашите производи и услуги, најдобро ќе биде веднаш да го затворите вашиот бизнис. Професионалниот маркетинг може да се изведе само од маркетинг професионалци, од професионални маркетинг агенции со долгогодишно искуство и одлично познавање на пазарот.

Како маркетер со огромно искуство во комуникација со претприемачи ќе ве прашам следново. Дали секој месец плаќате за: сметководство, струја, вода, телефон, кирија, вработени, интернет, одржување на службен автомобил, годишна фирмарина и куп други редовни задолжителни месечни трошоци за водење бизнис? Секако дека ќе одговорите потврдно.

Долги години стопанисуваме на нашиов пазар. Во комуникација со другите стопанственици скоро сите се согласни дека тешко се опстанува поради високо конкурентен и презаситен пазар. Сите бизнисмени најстојуваат колку што можат повеќе да ги минимизираат трошоците со цел остварување што повисока нето добивка. Од друга страна добри 50% од вкупниот број на компании во земјата се борат за опстанок.

Прифатиле или не маркетигот е неопходност за раст и развој на вашиот бизнис. Инвестирајте во маркетинг на долги стази. Примена на маркетинг е рационално решение само кога во него се инвестира за подолг период.

Попаметните сопственици на бизниси определуваат годишен буџет за маркетинг и го вложуваат онаму каде што ќе веруваат дека ќе стекнат препознатливост и повисока вредност на нивните производи. Наспроти нив просечните вложуваат на краток периот, еден до три месеци, а потоа започнуваат да го мерат повратокот, и се откажуваат од маркетинг засекогаш. Ова што го прават просечните е рационално да се применува кога се рекламира високо конкурентен производ кои другите понудувачи не би можеле да го понудат по таа цена. Тогаш повратокот е многукратен.

автор. Дејан Лазаревски

Dejan Lazarevski

Dejan Lazarevski

Веб Дизајнер и Основач на Инсофт Дизајн

Професионален Интернет Маркетер, Веб Дизајнер, Графички Дизајнер, 14 годишно искуство во дејноста. Супериорни вештини: Wordpress, UI/UX Дизајн, SEO Оптимизација за подобар ранг на Google. Завршено високо образование Економија и Маркетинг. Сертифициран Адобе Специјалист со престижно владеење на сите адобе програми.