fbpx

Сакате да имате веб страна која по пребарување на гугл ќе се излиста меѓу првите резултати?

Без исклучок, за секој бизнис е многу важно најнапред да ја добие а потоа да ја задржи “пол позицијата на гугл” Да биде меѓу првите четири линка на првата страна од гугл при пребарување на клучен збор или често употребувана фраза поврзана со услугите производите што ги нуди бизнисот. 90% од интернет корисниците освен првата страна не ги отвараат другите, додека 70% освен првите 4 резултати/линка на првата страна, останатите подолу не ги перцепираат. Кога вашиот бизнис ќе ја освои пол позицијата ќе значи дека бизнисот поседува авторитет во неговата дејност, и ќе може да продава. Предуслов за ова да се случи е бизнисот да нуди во континуитет оргинална, интересна, корисна и забавна содржина која што најнапред ќе ги запознае а потоа ќе ги заинтересира потенцијалните клиенти за производите услугите што ги нуди. Најосновниот и прв логичен чекор во SEO оптимизација (која е клучна за секое високо рангирање на гугл) е редовна објава на пишан текст пропратен со професионално дизајнирани слики и најважно подготвен од страна на висококвалитетни професионални копирајтери, кои добро си ја познаваат својата работа.

Не заборавајте прв пријател на гугл се буквите, тој сака букви, зборови, текст, но само оргинален. Гугл не ги есапи многу сликите.

СЕ ГЛЕДАМЕ НА ВРВОТ “na google”

 

автор. Дејан Лазаревски

Dejan Lazarevski

Dejan Lazarevski

Веб Дизајнер и Основач на Инсофт Дизајн

Професионален Интернет Маркетер, Веб Дизајнер, Графички Дизајнер, 14 годишно искуство во дејноста. Супериорни вештини: Wordpress, UI/UX Дизајн, SEO Оптимизација за подобар ранг на Google. Завршено високо образование Економија и Маркетинг. Сертифициран Адобе Специјалист со престижно владеење на сите адобе програми.