fbpx

Клучна улога на вашиот веб сајт е да генерира нови клиенти

Генерирање на нови клиенти преку вашиот веб сајт не е возможно без редовна промоција на вашите производи услуги. Нaјкорисно е маркетинг содржините кои ги промовираат вашите производи и услуги најнапред да ги поставите на вашата веб страна а потоа истите тие да ги споделите на социјалните мрежи.

Уште на почетоков да направиме јасна дистинкција. Веб сајтот претставува клучна компонента во вашиот бизнис. Да точно, социјалните мрежи (Facebook Linkedin Instagram) во денешно време се неопходност за промоција на вашиот бизнис. Тие исто така се неопходност и за промоција на маркетинг содржините од вашата веб страна. Тие биле, сега се, и ќе останат туѓа територија. Други непознати лица ги регулираат вашите права на нивна употреба, вие сте народски кажано кираџии на таа туѓа територија контролирана од непознати газди. Користете ги што повеќе, но вашиот бизнис никако не го темелете врз нив.

Ваша лична територија над која вие сте единствени сопственици е вашиот веб сајт, такашто ако му посветите доволно време труд и внимание, на долг рок со сигурност ќе донесе одлични резултати. Незасивно за каков тип на бизнис станува збор, сите бизниси имаат потреба од веб сајт. Секој оној бизнис кој стопанисува во пазарна економија во услови на слободна конкуренција има потреба од зголемување на приходите. Веб сајтот како централна единица во дигиталното рекламирање има за цел да ги презентира вашите производи или услуги на најдобар начин додавајќи вредност не само на нив туку и на вашиот бренд.

Градењето на бренд идентитет е невозможен без квалитетно дизајниран и добро осмислен веб сајт. Не е доволно само да најдете некое дете или аматер кое научил неколку кода и него да го најмите заштедувајќи незначителна сума на сметка на оваа така важна маркетинг алатка. Потребна е професионална агенција која не само што ќе ги ислуша и спроведе вашите идеи, туку ќе сугерира имплементација на светски трендови од дигиталниот маркетинг во кои главен нагласок ќе има одржувањето и континуирано подобрување на дизајност. Потребно е посојано да се подобрува и олеснува корисничкото искуство кој еден посетител го добива додека ги разгледува содржините од вашиот веб сајт. Сајтот не смее да остане изолирана единица од вашата целокупна бизнис стратегија. Тој ја има клучната улога во креирање на бизниз имиџ кој треба да има постојан тренд на подобрување и приспособување кон новите услови на дигитална промоција.

автор. Дејан Лазаревски

Dejan Lazarevski

Dejan Lazarevski

Веб Дизајнер и Основач на Инсофт Дизајн

Професионален Интернет Маркетер, Веб Дизајнер, Графички Дизајнер, 14 годишно искуство во дејноста. Супериорни вештини: Wordpress, UI/UX Дизајн, SEO Оптимизација за подобар ранг на Google. Завршено високо образование Економија и Маркетинг. Сертифициран Адобе Специјалист со престижно владеење на сите адобе програми.