Што е домен? Што е хостинг? Што е веб страна?
Ова се три најосновни компоненти кои се неопходни за функционирање на веб страна.
- Домен претставува име на веб страна, односно веб адреса за некоја идна веб страна, пример www.kompanija.mk
- Хостинг претставува хардверски ресурси, простор за складирање на фаилови, софтверски ресурси. Во зависно од типот на веб страната се избира соодветно хостинг решение. За едноставни веб страни, потребен е одновен пакет, за напредни брзорастечки портали или веб апликации потребно е напреден стабилен и брз хостинг.
- Веб страната претставува збир од различни фаилови. Најчесто се изработува од Веб Дизајнери. Веб страната, зависно од нејзиното иницијално градење, може да го менуваат хостинг серверот, но тоа и не е секогаш ефикасно решение од аспект на финансии. Во поново време голем дел од веб страните се прават на движечки веб платформи чии код редовно се абдејтира, а нивната функционалност на долг рок е стабилна. Таквите веб страни и не би можеле на лесен начин да го сменат хостинг серверот.
Дали се наплаќа за добивање поддршка во Инсофт Дизајн?
Нашиот тим за поддршка е пред се професионален и љубезен. Тој ја претставува нашата движечка сила. Ова најдобро го знаат нашите долгогодишни соработници. Тие знаат дека не е возмошно да добиваат професионална поддршка без нивна редовна месечна надохнада, и за тоа сме им бескрајно благодарни. Со клиенти кои не го вреднуваат нашето време, кој започнуваат да контактираат со најразлични прашање а воедно одбиваат да платат за искористената поддршка во комуникација, со таквите веднаш ја прекинуваме соработката. Цените за емаил поддршка се наплатуваат на два начина. Првиот начин е паушално со склучен договор за 12 месеци каде секој месец клиентот кој не контактира врши паушални уплати во зависност од траење на комуникацијата. Вториот начин е еднократно во зависност од времетраење на комуникација. Цените за телефонска комуникација се двојно повисоки во однос на цените кои се однесуваат на емаил комуникација.
Доколку еднаш во годината вршам минимална уплата за хостинг и користење на безбедна веб платформа на Инсофт на која е поставена мојата веб страна, дали добивам телефонска или емаил поддршка?
Краткиот одговор е не. За поопширен одговор прочитајте во продолжение. Еднаш до два пати во годината слободно можете да не контактирате на телефон или емаил без ништо да ви биде наплатено. Цената која ја имате платено при нарачка на веб страната ја покрива договорената работа и ги покрива трошоците за комуникација кои се направени во текот на изработката на веб страната (најчесто 3 до 10 дена), по истекот на тој рок секој наш ангажман испорачан во комуникација се наплатува дополнително. Доколку по добиеното емаил известување со порака дека услугата е комплетно испорачана за договорената сума, започнете со одолговлекување и продолжување на комуникација (најчесто се тоа обиди со барања за дополнителни бесплатни корекции и надополнувања) дополнително ќе ви биде наплатено за поддршка во комуникација. Во цената која ја плаќате еднаш во годината (најчесто за хостинг, домен, веб платформа), како услуга од нашата компанија добивате софтверски ресурси кои гарантираат постојано достапна и функционална веб страна. Во случај на недостапност или нефункционалност на вашата веб страна можете да не контактирате без да ви биде наплатено само доколку сте сигурни и утврдите дека не станува збор за пречки со вашата интернет врска или пак за пречки кој ги создава вашиот уред преку кои пристапувате до веб страната. Пред да создадете непотребни трошоци за вашата компанија, обидете се од најмалку три различни уреди да пристапите и да ја евидентирате нефункционалноста/недостапноста. Доколку не контактирате, вие ангажирате наши вработени кои вршат процесирање на вашето прашање кое многу често вклучува тестирање и одзема значително време. Доколку по процесирањето се утврди дека не постоела нефункционалност или пак недостапност, јасно ви напоменуваме дека за поддршката ќе ви биде фактурирано. Цените за емаил поддршка се наплатуваат на два начина. Првиот начин е паушално со склучен договор за 12 месеци каде секој месец клиентот кој не контактира врши паушални уплати во зависност од траење на комуникацијата. Вториот начин е еднократно во зависност од времетраење на комуникација. Цените за телефонска комуникација се двојно повисоки во однос на цените кои се однесуваат на емаил комуникација.
Доколку имам нарачано изработка на веб страна од Инсофт Дизајн дали добивам пристап до главен контролен хостинг панел (cpanel)?
Хостинг и веб страна се два комплетно различни производи независни една од друга. Доколку веб страната е креирана на наша безбедна веб платформа, клиентот не добива пристап до cpanel. Доколку пак клиентот извршил две посебни уплати, една за изработка на веб страна а друга за месечен закуп за пристап до контролен панел (cpanel), секако дека добива пристап до cpanel. Доколку пак неговата веб страна е направена на наша веб платформа, а клиентот појави потреба од пристап до cpanel, во секој момент ќе може дополнително да закупи месечен пристап до контролен cpanel и од тој момент па натаму да врши административни функции врз неговата веб страна.