26 Jul Секоја компанија има потенцијал да успее но петтата година е најважна
Дали сте знаеле дека 50% од новоотворените компании во Македонија се затвораат веднаш после првата година, 90% се затвораат после петтата година, додека пак само 10% опстануваат после петтата година. Половина од компаниите односно 5% од новоотворените компании кои ќе успеат да ја преминат петтата година ќе траат повеќе од 20 години.
Но ниту една компанија не може подолго да издржи на пазарот без добро осмислен и реално спроведлив маркетинг план. Без маркетинг план не е возможно да се задржи конкурентната предност на пазарот. Посебен акцент даваме на интернет маркетинг кој во денешно време е неопходност за секаков вид на бизнис. Ова исклучително важи во услови на динамична односно нестабилна економија, баш каква што е економијата во нашава држава. Претприемачите сакале или не, принудени се постојано да се адапритаат на новите услови кои ги наметнува пазарот.
Не станува збор дали како претприемач верувате или не во бенефитот од интернет маркетинг. Маркетингот, особено интернет маркетинг, е неопходност за водење бизнис.
автор. Дејан Лазаревски