14 Feb Зголемена и болдирана типографија – нов тренд во веб дизајнот
Зголемена и болдирана типографија претставува класика за дизајнирање веб-страници. Таквиот пристап нуди безвременски дизајн, old school стилско дизајнирање и функционира како швајцарски часовник, без оглед на неговото опкружување. Претставува дизајн решение кое може да се употреби во секаква прилика. Иако при таквата примена не се употребуваат специфични елементи, изненадувачки е што нуди задржување на вниманието на посетителот. Поседува wow фактор привлекувајќи ја и најспецифичната публика. И покрај се оваквиот пристап на дизајнирање е повторно во мода.
Инсофт Дизајн од широката понуда на дизајн услуги ви нуди и еден оваков пристап на дизајнирање. Погледнете го PRO2 пакетот, на следниот линк.
Надпросечна големина и зголемен болд се двете главни карактеристични одлики што ја дефинираат оваа дизајн практика. Како по правило, веб дизајнерите претпочитаат да се држат до неутрален стил и формална типографија. Во голема мера при дизајнирање на напредни веб сајтови се вклучени и интерактивни скрипти.
автор. Дејан Лазаревски